full screen background image
Search

SEAT го прослави својот 70-ти Роденден!

Шпанскиот бренд низ својата 70-годишна историја го покажа својот најголем талент – можноста одново да се создаде, и од година во година да биде сè подобар!

Пред седумдесет години, SEAT започна возбудливо патување. На 9 мај 1950 година основана е компанијата која ја стави Шпанија на тркала и ја демократизира мобилноста. Од тој момент, па сè до својата 70-годишнина, SEAT покажа постојан капацитет за трансформација и иновација.

Ова патување полно со предизвици ја направи компанијата она што е денес. Единствената автомобилска компанија која дизајнира, развива, произведува и продава возила во Шпанија. Водечки индустриски инвеститор во R&D (истражување и развој) во земјата, која претставува 1% од БДП-то и извезува 80% од своите возила. Компанија која стои на цврсти нозе како дел од Volkswagen Group, водечката групација за автомобили во светот. Компанија која расте и продолжува да ги нуди најдобрите решенија за мобилност со цел да го олесни животот на луѓето.

Претседателот на SEAT и потпретседател за финансии и информатички технологии, Карстен Исенсе, посочува дека „во текот на својата 70-годишна историја, SEAT ја демонстрираше својата способност да за иновација и успешно да одговори на предизвиците што се појавија на патот. Трансформирачка сила што го виде растот на SEAT од производител на автомобили, во стабилна технолошка и индустриска компанија.”

SEAT ги отвори вратите на фабриката Zona Franca во 1953 година со дневно производство на пет возила SEAT 1400, а моментално, компанијата има три производствени центри: Барселона, Ел Прат де Лобрегат и Марторел, каде во моментов се произведуваат Ibiza, Arona и Leon.

Поврзано:   Cupra El-Born е првиот електричен модел на спортскиот бренд на SEAT

Во последните 70 години, производителот на автомобили лансираше вкупно 75 модели, вклучувајќи различни верзии и генерации, меѓу кои и некои поголеми кои означија пресвртна точка, започнувајќи во 1953 година со SEAT 1400, првиот автомобил произведен од компанијата, или со легендарниот SEAT 600, кој беше презентиран во 1957 година и набрзо стана симбол за слобода и мобилност.

Во 1984 година пристигна првата SEAT Ibiza, а во 1999 година и SEAT Leon, коишто постигнаа успеси во продажбата уште од своето лансирање. Исто така, вреди да се спомене дека во 2016 година компанијата го засили опсегот преку влегување во SUV сегментот со SEAT Ateca, SEAT Arona и SEAT Tarraco, а во 2019 година го објави SEAT Mii electric – своето прво електрично возило.

Во својата 70-годишна историја, SEAT е во постојан одржлив раст, предводејќи ја автомобилската индустрија во Шпанија. Онаму каде производството започна во 1953 година со работна сила од 925 лица, денес повеќе од 15.000 вработени работат во SEAT, што има повеќекратен ефект врз другите индустриски дејности, генерирајќи околу 100.000 работни места.

Со промет од 11.157 милијарди евра во 2019 и извоз на возила и компоненти во висина од 81% од прометот (9.041 милијарди евра), SEAT е водечкиот индустриски извозник во Шпанија. Исто така, денес SEAT Martorell е фабриката која произведува најмногу автомобили во Шпанија, и претставува втор по големина произведувач на автомобили во Европа.

Seat неодамна го лансираше под-брендот Cupra, кој е задолжен за спортските модели на шпанскиот производител. Некои од моделите се всушност врвните изведби на моделите на Seat, но Cupra ќе има и сопствени модели – а првиот од нив е новиот Formentor.

Поврзано:   Освежување и за спортската Cupra Ateca!

SEAT е дел од животот на луѓето веќе 70 години, покажувајќи ја својата посветеност кон општеството и неговите потреби и во предизвикувачкото време на КОВИД-19 кризата. Во овој тежок период, SEAT започна различни иницијативи за борба против вирусот; конкретно, да произведува опрема што е најпотребна во болниците, како што се вентилатори.

Тим од 150 професионалци работеше со недели со цел да развие прототип, користејќи запчаници, вратила за менувачи и адаптиран мотор на бришачите за шофершајбната на SEAT Leon. Како резултат, беа произведени повеќе од 600 вентилатори за итни случаи кои беа испратени до болниците низ цела Шпанија, што беше мал придонес во давањето надеж за иднината, со цел заедно повторно да излеземе на улиците и да патуваме; да доживееме слобода, малку по малку.

Среќен роденден SEAT!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.