full screen background image
Search

Škoda Kamiq добива поробустна Scoutline изведба.

Со Scoutline пакетот, Škoda сака да го истакне авантуристичкиот карактер на урбаниот SUV – и всушност, Kamiq Scoutline е наменет за оние кои сакаат малку подинамична, поразиграна верзија на популарниот модел.

Ние веќе одлично го познаваме Kamiq – го возевме минатата година и компактниот чешки SUV ни остави одлични впечатоци со неговите практичност, просторност и леснотијата за секојдневно користење. Сега, Kamiq оди чекор понатаму со Scoutline верзијата. Kamiq Scoutline ќе го препознаете по робустните заштитни елементи – заштитните пластични панели на предниот и задниот дел, како и околу тркалата – но и изразениот дифузер, големиот спојлер и сребрените капаци на страничните ретровизори. Нови се и големите 18-инчни тркала.

Инаку, Kamiq Scoutline ќе може да се добие со една од 12 различни бои, од кои дури 9 се металик бои. Се истакнува интересната Titan Blue боја, која според Dalibor Pantucek, еден од дизајнерите на Škoda – вистински го истакнува мускулестиот и динамичен карактер на Kamiq Scoutline.

Секако, уникатни детали добива и кабината – измените започнуваат со потоплите бои на материјалите, нови, специјални седишта кои се делумно изработени од уникатен Thermoflux материјал а ќе може да се добијат и специјални дизајни за конзолата кои се уникатни за Kamiq Scoutline. Дополнително, ќе се добијат хромирани детали и алуминиумски педали. Од Škoda го истакнуваат Thermoflux материјалот како особено важна компонента, бидејќи материјалот е направен да може „да дише“ – а бенефитите ќе се видат особено во летните, топли месеци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.