Еуроимпекс: Peugeot се Мобилизирани за Вас! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс: Peugeot се Мобилизирани за Вас!

Нашите пријатели од Еуроимпекс – генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија – ги известуваат своите клиенти за акцијата „Мобилизирани за Вас“.

Со намалување од 15% акцијата опфаќа комплетен клима третман и 20 проверки на возилото, или подетално:

  • промена на филтерот за полен;
  • дезинфекција на системот за вентилација;
  • промена на разладен флуид R134A;
  • плус 20 надворешни и внатрешни проверки на возилото, вклучувајќи и проверка на акумулаторот.

„За нас здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиенти е приоритет број еден. Сите продажно сервисни локации на Peugeot во земјава не престанаа со работа, ние сме отворени за клиенти и со задоволство ќе помогнеме при сите барања во врска со купување на ново или со сервисирање на возило. При тоа, секако дека ги почитуваме препораките и одржуваме безбедна дистанца. Сите во PEUGEOT сме фокусирани да Ви овозможиме безбедно искуство со нас.“ – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс.

Со оваа акција, од Еуроимпекс очекуваат дека ќе им го олеснат процесот на своите клиенти во одржување и грижа за своето возило, и веруваат дека ќе им обезбедат безгрижни денови за периодот кој следи.

Системот за вентилација е простор во кој се размножуваат микроорганизми и бактерии. Па токму затоа потребно е да се одржува во уредна состојба. Се препорачува еднаш годишно, најчесто пред користење на функцијата „ладење“, да се изврши дезинфекција на системот за вентилација и да се промени кабинскиот филтер. Преку оваа операција ќе го заштитите вашето здравје и воедно ќе се елиминира непријатната миризба која се чувствува во кабината.

Поврзано:   Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008

Извор: PR Еуроимпекс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.