Пристигна хибридниот Fiat 500 Hybrid! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна хибридниот Fiat 500 Hybrid!

Fiat неодамна ги претстави лајт-хибридните верзии на 500 и Panda – и токму 500 Hybrid деновиве пристигна и во Македонија!

Како што веќе пишувавме, 500 Hybrid добива нов, 1-литарски супер-ефикасен бензинец со три цилиндри, кој е замена за 1.2-литарскиот бензинец со четири цилиндри.

Системот користи напреден стартер-генератор и литиум-јонска батерија за да испорача 70 коњски сили и 92 Nm вртежен момент. Според Fiat, овој систем му овозможува да автомобилот да го исклучи моторот кога менувачот е „во лер“ при брзини до 30 километри на час, а за погонување на сите дополнителни фунцкионалости се користи литиум-јонската батерија.

Системот се полни при кочење и намалување на брзината. Со новиот погодин добиваме и нов, 6-брзински рачен менувач кој дополнително ја подобрува економичноста. Менувачот е поставен 45 милиметри пониско во шасијата – а тоа би требало да влијае позитивно на управливоста на малите автомобили.

Автомобилите се веќе достапни и кај нас. Цените започнуваат од 14.300 Евра за 500 Hybrid во Lounge ниво на опрема, а за повеќе информации посетете го салонот на Fiat или официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.