Новиот динамичен купе-седан неодамна пристигна и кај нас – и веќе може да се погледне во салонот на BMW.
Ние веќе имавме можност да ја возиме новата BMW Серија 2 Gran Coupe на интернационалата презентација во Португалија пред неколку месеци, а сега баварскиот купе-седан е веќе пристигнат и кај нас.
Базиран на новата Серија 1, Серијата 2 Gran Coupe е всушност интересна купе-седан изведба на луксузниот хечбек, но со свој засебен идентитет и лик. Ваквите модели се навистина популарни кај купувачите ширум светот, па BMW реши да понуди свој модел во овој сегмент.
Понудата на нашиот пазар започнува со Серија 2 Gran Coupe 218i, која чини од 31.980 Евра. Дизелската понуда започнува со 216d, кој чини од 34.980 Евра, додека на самиот врв е моќниот турбо-бензинец во форма на M235i со xDrive погон на сите четири тркала и 306 коњски сили, кој чини од 61.500 евра.
За повеќе информации, посетете го салонот на BMW, или пак официјалната веб-страница на М-Кар.