Toyota официјално продаде 15 милиони хибридни автомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota официјално продаде 15 милиони хибридни автомобили!

Toyota гордо објави дека успеа ширум светот да продаде повеќе од 15 милиони хибридни автомобили.

Да бидеме искрени – кога ќе помислиме на хибриди, помислуваме на Toyota. А тоа е навистина голем успех за јапонскиот бренд, кој откако ја започна хибридната револуција во 1997, неуморно работи на унапредувањето и промовирањето на хибридните технологии. Во моментов, ширум светот Toyota и Lexus нудат вкупно 44 различни хибридни модели. На нашиот пазар се нудат 8 различни хибридни модели на Toyota (и некои од нив во неколку различни изведби), додека целата понуда на Lexus е хибридна.

Приказната започна со оригиналниот и легендарен Prius, кој Toyota го лансираше во 1997-мата година. Сега, 23 години подоцна, Toyota може да се пофали со 15 милиони продадени хибридни автомобили и значително водство во сегментот.

Интересно е да се напомене дека првите пет милиони хибридни возила се продадоа во периодот од 1997 до 2013. Бројката од 10 милиони беше достигната во 2017, додека бројката од 15 милиони ја достигнаа само три години подоцна. Од Toyota гордо кажуваат дека благодарение на хибридните возила кои досега се продадени, избегната е емисија на околу 120 милиони тони CO2 во атмосферата.

„Благодарение на нашите хибридни модели, ние сме на одличен пат да ги задоволиме таргетите од 95 грама CO2 на изминат километар кои ги постави Европската Унија за 2020 и 2021. Токму во Европа, CO2 регулативите се најстроги во светот, а нашите хибриди се неверојатно ефективни бидејќи можат да возат со нулта емисија на штетни гасови во урбани средини.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.