full screen background image
Search

FIAT ја забрзува хибридизацијата со лајт-хибридните изведби на 500 и Panda

Лајт-хибридните верзии на супер-популарниот 500 и робустната Panda најавуваат намалување на емисијата на CO2 до цели 30%!

Новиот, 1-литарски супер-ефикасен бензинец со три цилиндри е замена за 1.2-литарскиот бензинец со четири цилиндри. Користи напреден стартер-генератор и литиум-јонска батерија за да испорача 70 коњски сили и 92 Nm вртежен момент. Според Fiat, овој систем му овозможува да автомобилот да го исклучи моторот кога менувачот е „во лер“ при брзини до 30 километри на час, а за погонување на сите дополнителни фунцкионалости ќе се користи литиум-јонската батерија.

Системот се полни при кочење и намалување на брзината. Со новиот систем дебитира и нов, 6-брзински рачен менувач кој дополнително ја подобрува економичноста. Менувачот е поставен 45 милиметри пониско во шасијата – а тоа пак влијае позитивно на управливоста на малите автомобили.

Новите хибридни модели на Fiat добиваат ексклузивна Dewdrop Green зелена боја како и специјални значки. На самиот почеток ќе се нудат и Launch верзии кои ќе користат рециклирани материјали за некои од површините во кабината. Лансирањето на Fiat 500 Hybrid е закажано за Февруари, додека Panda Hybrid ќе пристигне на пазарот во Март. Токму со овие модели Fiat го означува стартот на електрификацијата на своите модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.