Новиот материјал на Јапонскиот производител тежи само една четвртина од најчесто користените материјали за намалување на бучавоста во автомобилите.
Nissan создаде нов лесен материјал кој ќе ги одржува тивки автомобилските кабини, а покрај тоа ќе биде енергетски поефикасен од конвенционалните материјали за звучна изолација. Наречен „акустичен мета материјал“, тој нуди исто ниво на звучна изолација од патот и агрегатот, но неговата тежина е значително помала. Ова би можело да биде од големо значење, бидејќи го отвара патот за нови потивки автомобили, чија тежина ќе биде уште пониска од онаа на сегашните.
Материјалот е составен од структура со текстура на саќе, покриена со тенка пластична фолија. Според Nissan, таа ги контролира воздушните вибрации со цел да го ограничи протокот на нивото на бучави со широки фреквенции. Покрај тоа, трошоците за производство на материјалот се исти, па дури и пониски од моментално користените материјали.
Материјалот е монтиран во електричниот кросовер Nissan Ariya Concept, претставен на саемот во Лас Вегас.