Новиот 208 пристигна во салонот на Peugeot – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот 208 пристигна во салонот на Peugeot

Новиот 208 денес пристигна во салонот на Peugeot во Скопје!

Новиот, хај-тек Peugeot 208 пристигна во салонот на францускиот бренд во Скопје. Изложениот примерок е во жолта боја и изгледа навистина свежо – и се надеваме дека наскоро ќе биде изложен и во други, храбри бои.

Инаку, ние веќе имавме можност да го возиме новиот 208 на интернационалната презентација која се одржа кон крајот на минатата година во близината на Лисабон. Првите впечатоци од малиот 208 ни беа навистина позитивни – прочитајте повеќе за тоа тука.

Цените сега за сега сè уште не се објавени – но ќе бидат финализирани наскоро. Во меѓувреме, погледнете ги фотографиите и секако – посетете го салонот на Peugeot.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.