full screen background image
Search

ВИДЕО: Ајде да го разгледаме новиот Volkswagen Golf 8

Осмата генерација на Volkswagen Golf неодамна беше претставена и кај нас, а ние направивме кратко видео за новиот хечбек.

Како што веќе знаеме, Golf 8 ќе се нуди со мал милион различни погонски единици – достапни ќе бидат пет хибридни варијанти, TSI турбо-бензинци и TDI турбодизел мотори. Кога ќе бидат лансирани сите мотори, купувачите ќе можат да изберат мотори кои нудат меѓу 90 и преку 300 коњски сили.

На самиот старт ќе се нудат четири TSI турбо бензинци, кои ќе нудат 90, 110, 130 или 150 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, можете да го нарачате 2-литарскиот TDI кој испорачува 115 или 150 коњски сили.

Новиот Golf неодамна пристигна и кај нас, а ние направивме кратка видео-обиколка на новиот германски хечбек. Погледнете!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.