full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Golf 8 пристигна во Македонија!

Најновата генерација по која цела една класа на автомобили го носи своето име, денес ја имаше својата македонска премиера.

Новиот Volkswagen Golf 8 пристигна и кај нас! Како што веќе пишувавме, новиот Golf прави револуција во класата преку целосната дигитализација. Сите изведби на Golf – односно неколкуте различни нивоа на опременост – добиваат дигитални инструменти, LED светла, We Connect функционалност и мобилни услуги, итн. Стандардно добива дигитални инструменти поставени на екран со дијагонала од 10.25 инчи.

Стандардно ќе се нуди и мултимедијален уред со дијагонала од 8.25 инчи, а со доплата ќе може да се добие поголем, 10-инчен дисплеј за инфозабавниот ред. Volkswagen ова го нарекува Innovision Cockpit. Инаку, ќе може да се добие и широк хед-ап дисплеј, амбиентално осветлување, многу, многу, многу различни дополнителни функционалности, како и премиум аудио уред од Harman Kardon.

Како што веќе знаеме, Golf 8 ќе се нуди со мал милион различни погонски единици – достапни ќе бидат пет хибридни варијанти, TSI турбо-бензинци и TDI турбодизел мотори. Кога ќе бидат лансирани сите мотори, купувачите ќе можат да изберат мотори кои нудат меѓу 90 и преку 300 коњски сили. На самиот старт ќе се нудат четири TSI турбо бензинци, кои ќе нудат 90, 110, 130 или 150 коњски сили. Доколку сакате турбодизел, можете да го нарачате 2-литарскиот TDI кој испорачува 115 или 150 коњски сили.

Новиот Golf веќе може да се види во салонот на Volkswagen во Скопје, каде ќе можете да добиете повеќе информации околу цените. Во моментов достани се 1.5-литарскиот TSI и eTSI со по 150 коњски сили, како и  2-литарскиот TDI со 115 и 150 коњски сили. Обете комбинации можат да се комбинираат со мануелен или DSG менувач.

Поврзано:   Официјално: Новата генерација на Volkswagen Caddy е подготвена за работа


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.