Audi E-Tron S доаѓа со три електрични мотори и 496 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi E-Tron S доаѓа со три електрични мотори и 496 коњски сили!

Audi го најавува проширувањето на E-Tron гамата со спортски модели, од кои првата е верзијата со ознака S, во стандардна и Sportback изведба.

Спортската верзија на E-Тron е погонувана од три електрични мотори, од кои два се поставени на задната оска. Вкупната сила на овој кросовер изнесува 435 кс и 808 Nm вртежен момент, но во функцијата Boost моделот испорачува 503 кс и 973 Nm вртежен момент во времетраење до осум секунди. Ова му овозможува на кросоверот забрзување од место до 100 км/ч за 4.5 секунди, пред да ја достигне електронски ограничената брзина од 210 км/ч.

Покрај придобивките во перформансите, конфигурацијата со три мотори овозможува одлична распределба на вртежниот момент кон тркалата, за подобра тракција во свиоци или при услови на мраз.

За жал, Audi не го објавија опсегот на E-Tron S, но производителот изјави дека моделот ќе има батерии од 95 киловат-часа кои ќе можат да се наполнат од 5% до 80% за просечно 30 минути користејќи брз полнач од 150 киловати.

Што се однесува до изгледот, S верзијата е опремена со додатоци на полумесеците кои го подобруваат протокот на воздухот и отвори за вентилација на сопирачките кои се отвараат само при потреба. Ова комбинирано со опционалните дигитални странични ретровизори го подобруваат коефициентот на воздушен отпор на 0.28, додека Sportback изведбата има коефициент од 0.26.

Моделите сериски ќе се нудат во продажба со 20-инчни алуминиумски фелни, но во опција ќе бидат и 21 и 22 инчни. Без оглед на тоа која големина ќе се одбере, сите од нив доаѓаат обвиени со пошироки пневматици од оние кои се користат на стандардниот E-Tron.

За сопирање ќе се грижат дискови од 400 милиметри со шест-клипни клешти на предните тркала, додека пак автомобилот е поставен на прилагодлива воздушна суспензија која овозможува промена на висината за 76 милиметри.

Поврзано:  Во салонот на Audi е изложен електричниот Q4 e-tron

Ентериерот ќе доаѓа со кожни и седишта од алкантара со вшиени S логоа. Исто како и стандардниот модел, така и тука ќе се најдат 12.3-инчен дигитален инструмент панел, 12.1-инчен мултимедијален систем и 8.6-инчен дисплеј кој овозможува контрола на клима уредот и останатите комодитети.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.