На 1ви Март започнува новата наградна игра на Макпетрол – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

На 1ви Март започнува новата наградна игра на Макпетрол

Денес Макпетрол ја промовираше новата наградна игра за 2020 година „ВЕРНА секогаш со Вас“ која започнува на 1ви Март, а извлекувањето на главната награда ќе биде одржано на 7 декември оваа година.

„Веќе пет години Макпетрол преку платформата ВЕРНА ги наградува своите најверни потрошувачи. Посебно сме горди што можеме да се пофалиме со голем број редовни и верни потрошувачи, за кои секогаш се трудиме да овозможиме квалитетни производи и услуги. Бројот на членови на ВЕРНА програмата за лојалност постојано се зголемува и веќе се приближува кон 190.000. Досегашната прифатеност на верна програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска за нас.“ – кажа Мишко Тасевски, раководител на Секторот маркетинг во Макпетрол.

Претходните четири години преку ВЕРНА платформата и наградните игри, од компанијата кажаа дека добиле можност да се запознаат со среќните добитници и одблиску да ја почувствуваат нивната радост, без разлика дали станува збор за доделување на симболична или пак една од главните награди.

„Веруваме дека со ВЕРНА програмата, односно континуираните наградни игри воспоставивме пракса на еден убав проект кој носи среќа и насмевка кај нашите потрошувачи, а нас, во Макпетрол, ни докажува дека трудот кој го вложуваме во нашата работа не е залуден“. – додаде Тасевски.

„Верувам дека главните критериуми за учество се веќе добро познати на сите. За почеток треба да бидете член на платформата ВЕРНА, а потоа со секоја извршена трансакција на бензинските станици на Макпетрол ги впишувате стекнатите ВЕРНА поени на вашата членска картичка. Со секои впишани од 10 до 19 поени на Вашата Верна картичка добивате една шанса за награда. Доколку впишете 20 и повеќе поени добивате 2 шанси за награда. Колку повеќе трансакции, толку шанси за добивка!“ – истакна Зоран Доневски директор на Дирекција за големопродажба на Макпетрол.

Потрошувачите ќе имаат можност својата среќа да си ја пробаат во девет редовни, три мастер и едно финално коло, со тоа што извлекувањето на главната награда ќе биде одржано на 7 декември.

Макпетрол секој месец ќе подарува лаптоп Dell, викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 10 ваучери за гуми, 10 ваучери за Лубекс моторни масла, 10 ваучери за Кристал Кар средство за стакла, 10 ваучери со Верна поени во вредност од 1000 денари. Главни награди оваа година ќе бидат доделени во три мастер и едно финално – еден скутер Honda PCX 125, еден моторцикл Honda Z125M и еден гумен чамец Highfield Ocean Master со 30-коњски мотор. Финалната награда ќе биде доделена во Декември – а тоа ќе биде Honda CR-V Elegance Navi.

Од Макпетрол кажуваат дека во изминатите четири години во наградната игра учествувале околу 4 милиони трансакции и дека подариле околу 2000 награди на нивните потрошувачи.

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.