full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е освежениот Hyundai i30

Hyundai го освежи целото семејство на i30 модели – и ги претстави фејслифтираните i30, i30 N-Line, i30 Fastback и 30 Wagon.

Измените се дискретни, но дефинитивно го освежуваат корејскиот хечбек и го прават уште поинересен. Предниот дел кај сите верзии е скоро идентичен – добиваме поширока маска на ладилникот о покомплексна форма на решетката, потенки предни светла со редизајнирани LED дневни светла, како и нови LED елементи кои може да се добијат како дополнителна опрема.

Задниот дел добива редизајниран браник кој ја подобрува аеродинамиката, како и редизајнирани задни светла. Гледаме и нов заден спојлер и уште неколку освежени ситници. N-Line ќе биде достапен кај i30 и i30 Fastback, и оваа верзија добива поагресивен преден браник со уште поголеми отвори за воздух, заден дифузер, како и поголеми тркала. Покрај ова, N-Line моделите добиваат и ревидирана суспензија.

Кабината добива нов, поголем, 10.25-инчен мултимедијален уред, како и 7-инчен дигитален панел со инструменти. Гледаме и други редизајнирани ситници – како што е новиот управувач, и некои нови материјали и текстури. Со освежувањето, i30 добива и грст нови технологии – систем за следење на сообраќајната лента, систем за превенција на заден удар и уште неколку новитети, како и веќе постоечките системи за активна и пасивна безбедност.

Во однос на погонските единици, i30 сега ќе може да се нарача со 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец кој испорачува 120 коњски сили, и ќе може да се комбинира со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Дополнително, овој мотор ќе може да се добие и како благ хибрид со 48-волтен електричен систем. Истиот лајт-хибриден систем ќе биде достапен и кај 1.6-литарскот турбодизел со 136 коњски сили, а на самиот врв на понудата ќе биде 1.5-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 160 коњски сили.

Поврзано:   ТЕСТ: Hyundai Elantra 1.6 MPI Style - Привлечноста на докажаниот квалитет.


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.