Во Скопје пристигна и електричниот Porsche Taycan! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Скопје пристигна и електричниот Porsche Taycan!

Porsche неодамна го претстави својот прв целосно-електричен модел – супер-спортскиот Taycan – и со задоволство можеме да кажеме дека токму Taycan веќе пристигна и кај нас!

Досега Taycan го гледавме само на фотографии и на видеа – но сега еве го и пред нас. Во салонот на Порше Македонија е изложен токму Porsche Taycan Turbo. Taycan е првиот целосно-електричен автомобил на Porsche и е базиран на вонземскиот Mission E концепт кој за прв пат го видовме во 2015.

Уште при првиот контакт со Taycan станува јасно дека ова е вистинко Porsche – силуетата е ниска и широка, и ги препознаваме оние добро-познати Porsche детали, но во една помодерна, пофутуристичка интерпретација. Taycan е максимално ефикасен кога станува збор за аеродинамиката – коефициентот е 0.22 Cd. Taycan Turbo добива два електромотори – по еден на секоја оска – и располага со вкупно 670 коњски сили. Добива и менувач со две брзини и може да забрза до 100 километри на час за само 2.7 секунди. Според официјалните податоци, батериите со капацитет од 94 kWh се доволни за автономија од 450 километри.

Внатрешноста – повторно – е супер-футуристичка интерпретација на вредностите на Porsche. Пред нас се поставени три големи екрани, а конвенционалните копчиња се заменети со команди на допир. Возачката позиција е ниска – како во 911, и едноставно – ова е Porsche.

Едвај чекаме да имаме можност да го повозиме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.