full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen Touareg R е плагин хибриден SUV со 462 коњски сили!

Volkswagen ја проширува гамата на модели со ознака R – и го претстави моќниот Touareg R кој користи хибриден погон за да испорача одлични 462 коњски сили и 750 Nm вртежен момент!

Големиот плаг-ин хибриден SUV комбинира 3-литарски V6 TSI турбо-бензинец кој испорачува 340 коњски сили, со електромотор кој испорачува дополнителни 136 коњски сили. Вкупната, системска моќност е импресивни 462 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Батеријата – која е со капацитет од 14.1 kWh – е поставена во подот на багажникот.

Сета таа сила се испорачува кон сите тркала преку 8-брзински автоматски менувач и 4Motion систем за погон на сите четири тркала. Максималната брзина е 250 километри на час, односно сосем респектабилни 140 километри на час на електрична енергија. Според официјалните податоци, Touareg R ќе може да помине до 48 километри на електрична енергија, а спринтот до 100 километри на час би требало да трае околу 5 секунди.

Достапни се неколку различни режими на работа – E-Mode е на струја, додека Hybrid дозволува системот самиот да одлучува. Секако, тука се и веќе-достапните режими – Eco, Comfort, Normal, Sport и Individual, како и Offroad и Snow.

Touareg R ќе го препознаете по поагресивните браници со големи отвори за воздух, но и по црната маска на ладилникот, затемнетите светла, 20-инчните Braga тркала и малиот милион други спортски детали. Доколку сакате, можете да нарачате и 21 или 22-инчни тркала.  Кабината добива спортски седишта, редизајниран управувач, алуминиумски декоративни елементи, црни детали на централната конзола, итн.. Стандардно ќе добиете 12-инчен панел со инструменти пред возачот, како и голем 15-инчен мултимедијален уред, но и 4-зонски клима уред, LED предни светла, и уште многу, многу повеќе.

Поврзано:   Порше Македонија ќе го преземе вашето возило за сервис, директо од вашиот дом

Официјалната премиера е закажана за Женева, а нарачките ќе бидат отворени наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.