full screen background image
Search

BMW ја зголемува плаг-ин хибридната понуда на новата Серија 3

По премиерата на 330e седанот минатата година, баварскиот бренд ја зголемува понудата на плаг-ин хибридни изведби на новата Серија 3 со новите BMW 330e Touring, 330e xDrive и 330e Touring xDrive.

Сите модели го користат истиот хибриден погон, кој комбинира 2-литарски BMW TwinPower турбо-бензинец кој испорачува 184 коњски сили и електромотор кој испорачува дополнителни 113 коњски сили. Вкупната, системска моќност е 252 коњски сили и 420 Nm вртежен момент. Интересен додаток е XtraBoost системот кој е достапен во Sport режимот и овозможува покачување на моќноста на максимални 292 коњски сили.

Во зависност од тоа која верзија ќе ја одберете, спринтот до 100 километри на час трае од 5.8 па сè до 6.2 секунди, а максималната брзина е 220 километри на час. Бидејќи се работи за плаг-ин хибридни модели, потрошувачката може да биде екстремно ниска – односно само 1.8 литри бензин на 100 изминати километри, а автономијата на електрична енергија е меѓу 55 и 60 километри.

Полнењето на батеријата може да се прави и во домашни услови – и за тоа ќе ви бидат потребни помалку од 6 часа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.