ПРЕМИЕРА: DS 9 е новиот француски знаменосец! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: DS 9 е новиот француски знаменосец!

Французите не се откажуваат од големите седани – и тоа го докажуваат со новиот знаменосец – големиот DS 9!

Големиот DS 9 има уникатен идентитет со веднаш-препознатлив преден лик, редизајнирани карактерни линии, како и уникатен заден дел. Од DS кажуваат дека DS 9 е олицетворение на „моќта на елеганцијата“ – а ние мораме да се согласиме со тоа.

Едноставно, DS 9 зрачи со своето присуство и во ера на огромни (и дури би рекле вулгарни) SUV модели, DS 9 е вистинско освежување. На предниот дел доминираат големата маска на ладилникот и интересните дневни светла, додека на задниот дел вниманието оди кон острите задни светлосни групи кои имаат интересна графика. Екстериерот добива и многу несекојдневни детали – на пример, онаа храбра хромирана вертикална линија на поклопецот на моторот, или пак скриените рачки од вратите.

Кабината е исклучително модерна – ги добиваме очекуваните дигитални инструменти и централно-поставениот инфозабавен систем, но има и интересни и неочекувани детали – какви што се прекинувачите околу менувачот, централно-поставениот часовник, интерсните материјали и малиот милион други ситни детали. DS 9 ги добива и сите најнови технологии – активна суспензија, седишта со греење, ладење и масажа, автономно возење од второ ниво при брзини до 180 километри на час, цела гама на безбедносни системи, Focal Electra аудио систем, итн…

На самиот почеток ќе се нуди E-TENSE плаг-ин хибриден погон кој комбинира PureTech турбо-бензинец и електромотор за вкупно 225 коњски сили. Овој погон ќе може да помине до 50 километри на електрична енергија благодарение на батериски модул со капацитет од 11.9 kWh. Понатаму ќе бидат понудени уште два E-TENSE модели, еден со 250 коњски сили и погон на предните тркала, а понатаму и 360-коњска верзија со погон на сите четири тркала.

Поврзано:   Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008

Вистинско освежување! Добредојде, DS 9!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.