Влезете во виртуелниот салон на Volvo Cars Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Влезете во виртуелниот салон на Volvo Cars Македонија

Нашите пријатели од Volvo Cars Македонија подготвија виртуелен салон, каде можете подетално да ги разгледате повеќето модели на шведскиот бренд.

Безбедноста е во гените на брендот на Volvo, а за ваша потполна заштита, македонските претставници обезбедија нов начин да ги посетите. Клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo атвомобил, можат да направат обиколка на салонот – а притоа да бидат комплетно безбедни.

Со оглед на ситацијата која ја поминуваме во изминатиов период, ваквиот тип на претставување на автомобилите е и повеќе од добредојден. Оваа актуелност веќе повеќе пати е применета од страна на големи светски брендови – а од сега е достапна и кај нас. Со пристапување на веб страната, клиентите ќе можат да направат избор на повеќе модели од актуелната гама на Volvo. Во виртуелната реланост се вклучени целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC.

Покрај тоа што може визуално да го видите секој детал на автомобилот – како на екстериерот, така и во ентериерот – преку виртуелниот салон ќе да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате.

До овој салон може да пристапите кога сакате и од каде сакате. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил. Се што треба да направите, е да ја посетите веб страната www.volvocars.mk – или да кликнете тука.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.