full screen background image
Search

Макпетрол е најдобра компанија за изминатата седмица според ССМ

ССМ започнува со додавање признанија на компаниите во Македонија, а првата компанија која е истакната е токму Макпетрол.

Макпетрол АД – водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава според Сојузот на Стопанските комори на Македонија – е прогласена за најдобра компанија изминатата седмица.

Сојузот на синдикати на Македонија започна кампања за прогласување на најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно, ССМ ќе објавува кои компании се пример како во услови на пандемија се почитуваат работничките права.

Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период“.- велат од ССМ.

Извор: Сојуз на Стопански Комори



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.