Chery прославува три години во Македонија со три причини за нов автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chery прославува три години во Македонија со три причини за нов автомобил!

Chery го прославува својот трет роденден на македонскиот пазар – со три специјални понуди за модели достапни по промотивни, роденденски цени.

Од Chery кажуваат дека без разлика дали барате елегантен автомобил за секојдневните обврски, модерен SUV кој ќе одговори на динамичното секојдневие или простран семеен автомобил подготвен за подолги патувања, сега имате можност да го пронајдете вистинскиот избор по уште поповолни услови.

И токму затоа, роденденски ги нудат Tiggo 7, Tiggo 8 и Arrizo 8 по специјални, роденденски цени. Дополнително, секој автомобил доаѓа со дополнителни придобивки кои го прават изборот уште подобар:

  • Високо ниво на опрема – современи технологии, комфор и функционалност за подобро возачко искуство.
  • Специјални роденденски цени – искористете ја можноста да го изберете вашиот омилен CHERY модел по промотивна цена.
  • 7 години помош на пат низ цела Европа – дополнителна поддршка и сигурност на секое патување, каде и да се наоѓате низ Европа.

Супер, но кои се роденденските цени? Tiggo 7 SUV е достапен по роденденска цена од 29.900 Евра, големиот Tiggo 8 е достапен од 33.900 Евра, а седанот Arrizo 8 може да се добие за 23.900 Евра! За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница за роденденската промоција на Chery, или пак посетете го салонот во Скопје.

Извор: PR Chery Македонија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.