Volkswagen со скица го најавува следниот Amarok – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen со скица го најавува следниот Amarok

Volkswagen со скица ја најавува следната генерација на популарниот пик-ап – големиот Amarok.

На почетокот на минатата година, Volkswagen и Ford ја официјализираа својата соработка – а еден од моделите кои директно ќе произлезат од таа соработка е и новиот Amarok.

Следната генерација на популарниот пик-ап ќе биде базиран на следниот Ford Ranger – бидејќи Ford има огромно искуство со ваквите возила. Од она кое можеме да го видиме на скицата, следниот Amarok ќе биде значително поагресивен и подинамичен – но сепак, ова е само скица. Препознаваме дека дизајнот на предниот дел е инспириран од останатите тековни SUV модели на брендот – но сепак во поробустно, поутилитарно издание.

Сега за сега нема никакви информации за тоа кога новиот Amarok би бил претставен и би пристигнал на пазарот, но можеме да претпоставиме дека ќе видиме нешто од него до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.