full screen background image
Search

Ја видовте ECO понудата за Ford Focus и EcoSport?

Нашите пријатели од Ford подготвија специјална ECO понуда за моделите Focus и EcoSport – кои се достапни по специјална, промотивна цена.

Новиот Focus се нуди во Trend Edition опрема, која вклучува двозонски клима уред, 16-инчни алуминиумски тркала, металик боја, SYNC мултимедијален уред, LED дневни светла и многу дополнителна опрема. Промотивниот Focus е придвижуван од 1-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец кој испорачува 100 коњски сили – и вака опремениот Focus може да се добие за 16.690 Евра. Ние добро го познаваме 1-литарскиот EcoBoost на Ford – сме го возеле во неколку изведби, вклучувајќи ја и 125- коњската верзија кај Focus Business минатата година.

Дел од понудата е и Ford EcoSport Business, кој исто така доаѓа опремен со 1-литарскиот EcoBoost со 100 коњски сили. Business пакетот на опрема вклучува 8-инчен SYNC уред со навигација, темпомат, паркинг сензори, 16-инчни алуминиумски тркала… За да дознаете повеќе за Ford EcoSport, погледнете го нашиот тест на компактниот SUV.

За повеќе информации, посетете го салонот на Ford.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.