full screen background image
Search

Hyundai го најавува освежениот i30

Hyundai се подготвува за сериозен настап во Женева каде покрај новиот i20, ќе го покаже и освежениот i30.

На двете скици кои Hyundai ги објави ја гледаме спортската N-Line изведба која може да се добие кај i30, која пак е инспирирана од спортскиот i30 N. Можеме да забележиме дискретно заострени предни светла со несекојдневни LED дневни светла, малку раширена предна маска на ладилникот и поспортски преден браник со агресивни отвори за воздух.

Од Hyundai кажуват дека освежениот i30 ќе има поширок став и дека ќе добие и надграден ентериер со нов дигитални инструменти и поголем мултимедијален уред. Освежениот i30 ќе може да се добие со тркала во димензии од 16 до 18 инчи, а очекуваме и неколку нови бои.

Наскоро ќе знаеме повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.