full screen background image
Search

Електричниот Ford Mustang Mach-E е подготвен за Европа!

Европската изведба на Mustang Mach-E добива ревидирана суспензија, како и рекалибрирано управување и погон на сите четири тркала – сите прилагодени за вкусовите на европските возачи.

Според најавите, доколку го конфигурирате вашиот Mustang Mach-E со погон само на задните тркала, како и поголемата батерија, можете да очекувате автономија „на струја“ до 600 километри – и тоа според строгите WLTP мерења. Дополнително, батеријата поддржува брзо полнење на IONITY станиците – па со само 10 минути полнење на овие полначи ќе можете да поминете 93 километри.

Инаку, електричниот Mustang Mach-E ќе биде достапен и со погон на сите четири тркала, како и со неколку различни комбинации на батерии. Сепак, од Ford кажуваат дека токму верзијата со погон на задните тркала и поголема батерија е изборот на повеќе од 85% од купувачите. Mustang Mach-E го добива и најновиот SYNC мултимедијален уред, достапен на 15.5-инчен вертикален дисплеј. Овој систем ги има сите најнови можности за поврзување,  но и систем за вештачка интелигенција со препознавање на говор, итн.

Во САД, Mustang Mach-E е достапен во пет различни верзии. Сега за сега не е познато кои варијанти ќе бидат достапни на европските купувачи, но со оглед на сериозните инвестиции кои Ford ги прави во електрификацијата, сигурни сме дека Mustang Mach-E ќе има значајно место во хиерархијата. Цената на Mustang Mach-E во Германија ќе започнува од нешто над 45.000 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.