full screen background image
Search

Макпетрол воведува нови безбедносни стандарди

Компанијата Макпетрол воведува нови безбедносни стандарди и упатства за безбедно ракување и користење на производите.

Макпетрол промовираше уште една безбедносна мерка, односно кратко упатство за безбедно ракување и користење на боците со ТНГ.

„Во ова време кога светот е во потрага по горива со помала емисија на штетни материи, природниот гас и течниот нафтен гас (ТНГ) стануваат се поважни. Тие заменуваат повеќе видови на горива-загадувачи, помалку го загадуваат воздухот и емитуваат помали емисии на јаглероден диоксид при нивното согорување“ – кажуваат од Макпетрол.

Течниот нафтен гас во боци е мешавина од пропан и бутан што се полни во боци со тежина од 2, 3, 5, 10, 23, 35 кг, како и боци за вилушкари од 23 кг. Истите се применуваат секаде каде што е потребен лесно пренослив енергенс што, истовремено, едноставно и сигурно се доставува. Како замена за електричната и другите видови енергии, боците со ТНГ се користат во домаќинствата, индустријата, занаетчиството и тн.

Во Макпетрол сметаат дека е потребна одредена едукација на потрошувачите на ТНГ за домаќинства бидејќи при користење на алтернативни горива можно е да се соочиме со одредени опасности доколку правилно не ги употребуваме. Упатството во форма на отпечатен пластичен диск отсега ќе биде составен дел од боците со ТНГ на Макпетрол. Преку оваа новина корисниците ќе бидат соодветно информирани за потребните безбедносни мерки за ракување, користење и чување на боците ТНГ за домаќинства

Дополнително, во наредниот период, како составен дел на боците за домаќинство на Макпетрол ќе биде и специјален клуч за затегнување на матицата од регулаторот на притисок кон боцата за течен нафтен гас со што значително ќе се олесни приклучувањето на боцата кон потрошувачите од домаќинствата кои користат ТНГ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.