full screen background image
Search

Citroën C4 Cactus го добива специјалниот C-Series третман

Citroën продолжува да лансира ексклузивни C-Series модели – и следниот модел кој го добива тој третман е C4 Cactus.

По претставувањето на C-Series третманот и првиот таков модел – C3 Aircross C-Series – минатиот месец, Citroën продолжува со нови модели кои ќе го добијат истото. Според планот, Citroën ќе лансира C-Series изведби и од C3, C5 Aircross, Berlingo и C4 SpaceTourer, а денес го добивме C4 Cactus C-Series.

C4 Cactus C-Series ќе го препознаете по Anodized Deep Red пакетот кој додава црвени детали на екстериерот, како и затемнети задни стакла и C-Series значка на предните врати. Ентериерот добива кабина во која доминираат сиви, црни и црвени детали, како и Advanced Comfort седишта со бели опшивки и црвени детали. Дел од стандардната опрема се само-преклопувачки странични ретровизори, нагодување на висината на возачкото и совозачкото седиште, Citroën Connect Nav и Citroën Connect Box системи, и многу, многу повеќе.

Citroën C4 Cactus C-Series ќе се нуди со три различни погони – со 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 110 коњски сили, или пак со еден од два 1.6-литарски BlueHDI турбодизели, кои доаѓаат со 100 или  120 коњски сили.

Прочитајте го нашиот тест на освежениот Citroen C4 Cactus – малиот француски хечбек е еден од најкомфорните автомобили кои во моментов се нудат на пазарот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.