Porsche 911 „Belgian Legend“ е во чест на легендарниот Џеки Икс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 „Belgian Legend“ е во чест на легендарниот Џеки Икс

Специјалната серија на Porsche 911 ќе биде произведена во само 75 примероци и ќе се нуди само на купувачите во Белгија.

По иницијатива на белгиски дилер на Porsche, легендарниот возач Џеки Икс (Jacky Ickx) добива специјална серија на 911 инспирирана токму од него. Всушност, ова е одличен роденденски подарок за шест-кратниот победник на Le Mans – и тоа токму од Porsche – во форма на 911 Carrera 4S Belgian Legend Edition.

Идејата доаѓа од D’ieteren, белгиски дилер на Porsche, чии претставници учествуваа во дизајнирањето на специјалниот модел. Инспирацијата доаѓа директно од боите на Џеки Икс – сината и белата боја – па специјалната серија добива специјална X Blue сина боја. Дополнително, екстериерот добива значка на Б-столбот со белгиско знаме, како и потписот на Џеки Икс.

Дел од пакетот се и 20, односно 21-инчни Carrera Classic тркала во сина боја со бели детали, додека ентериерот комбинира црна кожа со сиви опшивки и мал милион други детали. Интересен и уникатен детал е потписот на Џеки Икс кој е втиснат во централниот наслон.

Како што рековме, оваа специјална серија ќе биде ограничена на само 75 примероци – и ќе се нуди само на купувачите во Белгија. Ние веќе го возевме новиот 911 за време на минатогодинешниот Porsche Driving Experience – дознајте повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.