full screen background image
Search

Вечерно Кино: Lamborghini ги изненади таткото и синот кои самите си испечатија Aventador на 3D-печатач

Италијанскиот производител ги изненади најголемите заљубеници во нивниот модел Aventador  – и ја замени недовршената реплика со вистински суперавтомобил.

Веќе две години Стерлинг Бакус и неговиот 12-годишен син Ксандер прават реплика на Aventador SV во нивната гаража. Нивниот проект не само што веќе изгледа многу слично со оргиналниот модел, туку истиот може и да се вози, благодарение на 5.7-литарскиот мотор позајмен од 2003 Chevrolet Corvette.

Проектот на фамилијата Бакус беше приметен од Lamborghini, кои решија уште повеќе да ја разгорат нивната страст кон брендот со тоа што им позајмија вистински Aventador за да го искусат во период од две недели.

Ова е навистина одлично исполнување на желбата. Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.