Златно Тркало – Нов Национален Избор за Најпосакуван Автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Златно Тркало – Нов Национален Избор за Најпосакуван Автомобил

Со колегите одлучивме на направиме еден нов, поинаков начин да го најдеме најпосакуваниот автомобил кај нас – преку Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил!

Златно Тркало е нов уникатен начин да го најдеме најпосакуваниот автомобил кај нас – на гласање се ставени финалистите пред ВАС, сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да формираат резултати според кои ќе се види интересот на реалните љубители и купувачи на автомобили.

Изборот е оформен на иницијатива на колегите од Авто плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите, членуваме ние, како и нашите другари од  електронските автомобилски медиуми кај нас – Авто Плус, Cars by Vik и RPM.mk.

Како функционира?

Членовите на Н.И.Н.А. формираат листа на нови автомобилски модели презентирани на македонскиот пазар во период од 1ви март до 1ви март односно помеѓу две изложби на Салонот во Женева. Списокот ќе биде презентиран пред овластените увозници на нови возила на крајот на есента, а во взаемна комуникација, на истиот може да се најдат модели кои би пристигнале непосредно пред почетокот на гласањето. На листата за гласање ќе се најдат модели кои овластените импортери на нови автомобили ќе ги номинираат.

По прифаќањето на учеството, финалистите се распределуваат во 5 категории и тоа:

  • Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2020 година,
  • Најпосакуван Бизнис Автомобил во Македонија за 2020 година,
  • Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија за 2020 година,
  • Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2020 година и
  • Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија за 2020 година(возила со дополнителен електричен мотор и можност за движење само на струја).

Доколку во годината се појават други карактеристични модели(спортски, перформансни, луксузни итн), најмалку 3(три) од иста категорија, ќе се оформи дополнителна категорија за таа година.

На централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk ќе бидат поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел ќе стојат имињата и линковите на членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото. Значи секој поединечен модел ќе има минимум од еден пост, вест или клип од секој член-медиум каде публиката ќе може да се запознае со моделот и ги прочита мислењата од автомобилските новинари. Сите постови ќе бидат промовирани од секој медиум – член на Изборот во периодот пред и за време на гласањето.

На 15 февруари, ќе биде најавено и овозможено гласање на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk кое ќе трае до крајот на месецот и сите ВИЕ ќе имате можност да го дадете Вашиот глас за вашиот фаворит во сите 5 категории. Победниците ќе бидат објавени на 1ви март. На крајот на месецот ќе организираме и гала настан, каде ќе ги доделиме Златно Тркало статуетките – а 10 од нашите читатели ќе имаат можност да ни се придружат на доделувањето.

Очекувајте во месеците што следат да ве повикаме да се запознаете со финалистите на некои од нашите промо дружења, каде ќе можете да го дадете Вашето мислење и слушнете нашето. Се гледаме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.