full screen background image
Search

Citroën подготви специјална C-Series изведба за C3 Aircross

C3 Aircross е првиот модел на Citroën кој добива специјална C-Series изведба.

Со новите C-Series изведби на своите модели, Citroën ќе понуди повеќе опрема и специјални козметички детали. Првиот модел кој го добива овој третман е токму C3 Aircross, а неговата C-Series изведба добива специјален Regal Red колор пакет кој вклучува црвени декоративни елементи околу предните светла и на страничните ретровзирои, како и црн кров и црни 16-инчни тркала. C3 Aircross C-Series ќе можете да го нарачате во Natural White, Perla Nera Black, Cumulus Grey или Platinum Grey боја.

Кабината добива поквалитетни и помеки материјали, како и специјални декоративни детали околу отворите за вентлација и на вратите, а ќе добиете и Regal Red контрастни опшивки и специјални значки на седиштата. Меѓу стандардната опрема, Citroën вбројува и автоматски клима уред, автоматски бришачи на ветробранското стакло, задни паркинг сензори и надградена функционалност на мултимедијалниот уред со Mirror Screen, Android Auto и Apple CarPlay поддршка.

Инаку, C3 Aircross C-Series ќе биде достапен само со одличниот 1.2-литарски PureTech турбо-бензинец кој испорачува 110 коњски сили, и само со мануелен менувач. Како што веќе пишувавме, C3 AirCross е супер-популарен и е вториот најпродаван модел во понудата на Citroën – веднаш по модерниот C3.

Продадени 200.000 примероци од новиот Citroën C3 Aircross



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.