full screen background image
Search

Automobili Group организираше отворен ден за фановите на Jaguar, Land Rover и Range Rover

Британските премиум брендови имаат свои љубители и своја приказна, а денес можевме да уживаме токму во автомобилите на Jaguar, Land Rover и Range Rover.

Како што веќе најавивме, Automobili Group организираше отворен ден наменет за промоција на автомобилите на Jaguar, Land Rover и супер-лускузниот Range Rover.

Меѓу другото, денес имавме можност да ги погледнеме освежениот Jaguar XE и новиот Land Rover Discovery Sport, a посетителите имаа можност да седнат и зад управувачот на некои од автомобилите на британските брендови. За возење достапни беа Jaguar XE, E-Pace и F-Pace, како и Range Rover Sport, Range Rover Velar, новиот Range Rover Evoque…

Ова беше одлична можност да се погледнат одблиску автомобилите на JLR, како и подобро да ги видиме освежените Jaguar XE и Land Rover Discovery Sport. Доколку сакате да дознаете повеќе за автомобилите на Jaguar, Land Rover и Range Rover, посетете го салонот на Automobili Group – а во меѓувреме, можете да ги погледнете нашите тестови на Range Rover Evoque, Јагуар Е-Pace, Jaguar F-Pace, како и големиот Range Rover Sport.

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.