full screen background image
Search

Land Rover подготви значително освежување за Discovery Sport

Најмалиот модел во Land Rover семејството доби значителен фејслифт – и меѓу другите новитети добива модернизиран дизајн, но и лајт-хибрид варијанта.

Од Land Rover кажуваат дека дизајнерскиот пристап при освежувањето на Discovery Sport бил „рафинирана еволуција на посточкиот дизајн“ – и ние би се согласиле дека токму тоа е постигнато. Затегнатиот дизајн доаѓа со освежени предни и задни браници, редизајнирани LED предни светла и значително освежен заден дел. Меѓу другото, достапни се и нови бои, како и нови дизајни на алуминиумските фелни – и сè на сè, би рекле дека освежувањето е успешно.

Кабината добива нов управувач, освежена централна конзола која добива поквалитетни материјали и нови прекинувачи, нов дигитален панел со инструменти и нов 10-инчен Touch Pro мултимедијален уред. Интересно, со Discovery Sport, Land Rover воведува и нов материјал за седиштата – кој го нарекуваат Luxtex и за кој кажуваат дека е „луксузно-мек, лесен, издржлив и отпорен на кинење.“

Купувачите во Европа ќе можат да го нарачаат Discovery Sport со неколку различни мотори – дизелите доаѓаат со лајт-хибрид технологија и нудат 150, 180 или 240 коњски сили. Основниот дизел може да се добие и без хибридните технологии. Доколку сакате бензинец, тука се бензинците со 200 или 250 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.