full screen background image
Search

Renault го претстави Megane RS Trophy-R – и веќе постави рекорд на Nurburgring

Како и „обичниот“ Megane RS Trophy – и новиот Trophy-R го користи истиот 300-коњски турбо-бензинец, но хардкор моделот е до 130 килограми полесен и значително поаеродинамичен!

Зад управувачот на Renault Megane RS Trophy-R седеше Laurent Hurgon и постави време од 7:40.10 на Nurburgring – и со тоа постави нов рекорд за возила со погон на предните тркала. Новиот Megane RS Trophy-R ќе го видиме и викендов во Монако, каде Daniel Ricciardo и Nico Hulkeberg ќе го повозат новиот хот хечбек од Renault.

Инаку, како и Megane RS Trophy, и Trophy-R користи турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили, но кај Trophy-R инженерите на Renault посветиле многу внимание на нагодувањата на шасијата и суспензијата, а автомобилот е дополнително олеснет за не-баш-незначителни 130 килограми – и токму тие измени му ги даваат на Megane RS Trophy-R перформансите и динамичноста.

Од Renault кажуваат дека Megane RS Trophy-R ќе биде понуден во лимитирани бројки и дека само неколку стотици примероци ќе бидат понудени на купувачите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.