Освежениот XE пристигна во салонот на Jaguar во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот XE пристигна во салонот на Jaguar во Скопје!

Jaguar неодамна го освежи својот најмал седан – спортскиот и динамичен XE – и тој веќе пристигна во салонот на британскиот бренд во Скопје.

Како што веќе пишувавме, освежениот XE добива редизајниран предниот дел кој добива уште позатегнати предни светла, нови поголеми отвори за воздух и затегнати линии. Измените продолжуваат кон задниот дел кој добива потенки LED задни светла со подинамична и попривлечна графика, како и поспортски линии во задниот браник.

Кабината на освежениот XE е темелно подобрена за да понуди подобра практичност и можности за одлагање ситници, повеќе комфор и повеќе простор. XE добива нов управувач, како и нов Touch Pro Duo инфозабавен систем со 5.5-инчен дисплеј под главниот уред. Дополнително, XE може да се нарача со 12.3-инчен инструмент-панел пред возачот како и нова ClearSight паркинг камера. Веќе ја нема кружната рачка од менувачот (која беше навистина многу, многу кул) – сега го добиваме менувачот од спортскиот F-Type.

Освежениот XE може да се добие со еден од чистите и ефикасни Ingenium мотори. 2-литарскиот Ingenium турбо-бензинец може да се добие со 250 или 300 коњски сили – и ознаките се P250 и P300, соодветно. Оние кои сакаат дизел можат да го нарачаат 180-коњскиот турбодизел кој ја носи ознаката D180. Овој мотор може да троши само 4.9 литри на 100 изминати километри.

За повеќе информации, посетете го салонот на Jaguar во рамките на Automobili Group во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.