full screen background image
Search

Репортажа: Теренските предизвици на Попова Шапка ги прифативме со Toyo Tires!

Прашање? Што правите кога „во раце“ ќе ви падне теренско возило опремено со сериозни теренски пневматици? Па, барате екстремни теренски предизвици, секако!

Нашите пријатели од Еуроимпекс ни поставија интересен предизвик  – да го земеме „службеното“ возило на Toyo Tires, опремено со сериозни, сериозни Open Country M/T пневматици, и да видиме каде ќе успееме да стигнеме со нив.

Како што би рекол еден леген-момент-само-дарен лик од една серија – предизвикот е прифатен! Седнавме зад управувачот на големиот Mitsubishi L200 и се упативме над Тетово, односно кон Попова Шапка.

Возевме, сè додека не заврши асфалтот. Потоа, се префрливме на правлив и каллив пат, па возевме сè додека не заврши и тој. Кога и тој пат веќе го снема, продолживме да возиме – бидејќи како што и самите се увервиме, за Open Country M/T скоро и да не постојат вистински пречки.

Какви пневматици се всушност Open Country M/T? Според она кое го кажуваат од Toyo, Open Country M/T се теренски пневматици кои се легендарни по својата издржливост, но и перформансите надвор од патот. Овие пневматици се дизајнирани да понудат управливост кога возите по асфалт, но вистински да блеснат кога патиштата стануваат калливи, снежни или карпести – или пак кога воопшто нема патишта!

Секако, ова значи дека ова се всушност пневматици наменети за екстремни услови – а токму на такви наидовме. Од остри камења, преку правливи патишта со големи дупки, па сè до калливи козји патеки, специјално-дизајнираните блокови на нагазната површина нудеа идеална тракција во сите услови. Мора да ги пофалиме и зајакнатите страници на пневматиците, кои ја подобруваат отпорноста на кинење и оштетување од удар. Дополнително, момците од Toyo истакнаа дека блоковите покрај тоа што нудат одлична тракција, се дизајнирани да овозможат само-чистење, со цел да се задржат перформансите на гумите.

Како што се искачувавме сè повисоко и повисоко, боите од летното зајдисонце ги правеа впетечатоците уште посилни и посилни. Природните убавини на овој регион правеа да ни застане здивот – а за да стигнеме онаму каде стигнавме, мораме да им се заблагодариме на Toyo Open Country M/T.

Всушност – фотографиите ќе раскажат многу повеќе. Погледнете како си поминавме со Toyo Tires!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.