full screen background image
Search

Jaguar Land Rover Ве кани на Open Experience Day

Оваа среда ќе биде Open Experience Day во салонот на Jaguar и Land Rover во Скопје, каде ќе имате можност самите да седнете зад управувачот на некои од моделите на британските премиум брендови.

Automobili Group – импортерот за возилата на Jaguar, Land Rover и Range Rover на нашиот пазар – ги кани сите вљубеници во британските премиум возила да дојдат на Open Experience Day.

Оваа среда, 30-ти Октомври, во салонот на JLR во Скопје, од 10:00 до 16:00 ќе имате можност одблиску да ги погледнете луксузните возила на Jaguar, Land Rover и Range Rover, како и самите да седнете зад управувачот на Range Rover Sport, Range Rover Velar, новиот Range Rover Evoque (кој ние неодамна го возевме), големиот Land Rover Discovery, но и целосно новиот Jaguar XE, популарниот Jaguar F-Pace и компактниот Jaguar E-Pace.

Се гледаме во среда!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.