Groupe PSA и FCA ги официјализираат плановите за спојување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Groupe PSA и FCA ги официјализираат плановите за спојување

Во заедничка изјава, утрово Groupe PSA и Fiat Chrysler Automobiles потврдија дека отворен е патот кон креирање на нов, глобален играч кој ќе биде во еднаква сопственост на Groupe PSA и FCA.

Во заедничката изјава, FCA и PSA кажуваат дека новата компанија ќе ги искористи сите свои глобални можности за истражување и развој, како и постоечкиот екосистем кој веќе го имаат за да придонесат кон нови иновации и соочување со нови предизвици.

Секако, сето ова е во насока на намалување на трошоците и подобрување на компетитивноста на пазарот. Новата компанија ќе биде во еднаква 50/50 сопственост на акционерите на Groupe PSA и акционерите на Fiat Chrysler Automobiles. Дополнително, со комбинирање на ресурсите, производствените капацитети и продажбата, новата компанија ќе биде четврт по големина производител на автомобили во светот, со 8.7 милиони возила продадени на годишно ниво.

FCA има особено силна продажба во Северна Америка, додека PSA ужива одлични резултати во Европа – па спојувањето на овие две компании не е воопшто изненадувачко. Дополнително, благодарение на широкото портфолио на продукти, новата компанија ќе има да понуди по нешто за секого – луксузни и премиум автомобили, патнички автомобили, SUV и теренци, како и камиони и лесни комерцијални возила. Обете компании веќе имаат направено сериозни инвестиции во однос на електрификацијата, дигиталната конективност и автономното возење. Се очекува дека со спојувањето на компаниите, ќе бидат постигнати годишни заштеди од околу 3.7 милијарди евра, без притоа да бидат затворени фабрики.

Управувачката компанија ќе биде поставена во Холандија и обете компании ќе имаат еднаков број на претставници во неа. John Elkann од FCA ќе биде претседател на одборот, додека Carlos Tavares ќе биде извршен директор и член на одборот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.