Оние кои сакаат самите да си менуваат брзини имаат причина за славење – новиот 911 ќе може да се нарача со нов, 7-брзински мануелен менувач.
Новиот 7-брзински мануелен менувач ќе може да се добие како дополнителна опрема, но без доплата – а тоа значи дека и понатаму, 911 во стандардна изведба ќе се нуди со одличниот PDK автоматски менувач со двојна спојка. Мануелниот менувач ќе може да се добие кај 911 Carrera S и 4S, како и кабрио-изведбата на овие модели.
Сите примероци опремени со мануелен менувач, стандардно ќе го добијат и Sport Chrono пакетот, како и механички диференцијал со ограничено пролизгување. Сепак, мануелниот менувач значи и соодветен „пенал“ во перформансите – забрзувањето до 100 километри на час би требало да трае околу половина секунда подолго, но и тоа не е проблем – 100 километри на час би требало да мооже да се постигнат за околу 4 секунди.