Новиот Volvo S60 официјално пристигна во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Volvo S60 официјално пристигна во Македонија

Новиот Volvo S60 вчера беше и официјално претставен во салонот на Volvo Cars Macedonia.

Новиот шведски седан носи многу новитети – а еден од најважните е дека всушност токму сo S60, Volvo го најавува целосното исфрлање на дизелите од понудата. Новиот S60 е всушност седанската изведба на V60 кој го возевме пред неколку месеци, и кој ни остави супер-позитивни впечатоци.

Инаку, S60 се произведува во фабриката на Volvo во САД, a може да се добие со неколку различни мотори. Сите се 2-литарски турбо-бензинци и главната разлика е во моќноста која ја нудат. Понудата започнува со Т4 кој има 190 коњски сили, понатаму се Т5 со 250 коњски сили, односно Т6 со 310 коњски сили, и на самиот врв е хибридниот Т8 кој има 390 коњски сили. Интересен е и хибридниот T6 Twin Engine кој има 340 коњски сили. На врвот на понудата е S60 Т8 Polestar Engineered кој има 405 коњски сили.

Понудата во Македонија започнува со S60 T4, кој чини од 49.950 Евра.

Фотографии: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.