ABT го дотера и засили AUDI TT RS на 450 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го дотера и засили AUDI TT RS на 450 коњски сили

Ако сакате поагресивен изглед и уште подобри перформанси од вашиот Audi TT RS, Германскиот тјунер ABT го има решението за вас.

Секој примерок од ТТ RS ги напушта производните ленти на фабриката со 2.5-литарскиот пет-цилиндарски агрегат кој произведува 400 кс и 480 Nm вртежен момент и перформанси речиси како суперавтомобил.

На ABT главен предизвик им било да го доработат агрегатот да овозможи уште повеќе возбуда. Придобивките во перформансите биле постигнати со нова компјутерска единица, која ја подигнала силата на 453 кс и 528 Nm вртежен момент.

За купувачите кои сакаат поизразен звук од возилото, ABT дизајнирале издувен систем што ги заменува двете кружни издувни цевки со четири во црна боја. Целиот издувен систем е направен од не’рѓосувачки челик.

За промена на стандардните фабрички фелни Германскиот тјунер нуди два различни дизајни на тркала во црна и сјајна сребрена боја, во големини од 19 или 20 инчи. Други делови кои можат да се добијат за дотерување на екстериерот се карбонски дифузер, преден сплитер и крилца на предниот браник.

Сите делови од пакетот на ABT доаѓаат со четири годишна или гаранција од 160,000 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.