full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат, цената на дизелот не се менува

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините, додека цената на дизелот и следната седмица ќе остане истата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва цените на горивата се намалуваат во просек за 1.16%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел ќе продолжи да чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.