ПРЕМИЕРА: Audi A6 55 TFSI e Quattro – Мал додаток во името означува плаг-ин хибриден седан со 367 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi A6 55 TFSI e Quattro – Мал додаток во името означува плаг-ин хибриден седан со 367 коњски сили

Разликата во името е мала  – додадено е само едно „е“ – но со оваа ознака, Audi го означува новиот плаг-ин хибриден седан кој располага со вкупно 367 коњски сили!

Плаг-ин хибридниот Audi A6 55 TFSI e Quattro комбинира 2-литарски турбо-бензинец со електромотор кој е интегиран директно во менувачот. Комбинираната моќност на погонот е 367 коњски сили и моќни 500 Nm вртежен момент – а тоа пак му овозможува на големиот седан да забрза до 100 километри на час за одлични 5.6 секунди и да постигне максимална брзина од 250 километри на час.

Audi A6 55 TFSI e Quattro може да помине до 53 килограми на електрична енергија (според WLTP мерењата) и да постигне максимална брзина од 135 километри на час на електрична енергија. Ова е благодарение на батеријата со капацитет од 14.1 kWh. Покрај E-Mode, достапни се уште два режими на работа – Hybrid и Hold. Првиот е прилично само-објаснвачки – системот самиот „си брка работа“ и одлучува што да направи. Hold режимот ја полни батеријата и не ја користи – и всушност „ја чува“ наполнетата батерија за користење кога ќе посакате.

Според официјалните WLTP мерења, Audi A6 55 TFSI e Quattro може да троши меѓу 1.9 и 2.1 литар бензин на 100 изминати километри, во зависност од одбраните тркала и пневматици. Вреди да се напомене дека стандардна опрема ќе биде S Line пакетот за надворешноста, како и уште неколку други додатоци – LED Matrix предни светла, 19-инчни тркала, црвени шепи на сопирачките, спортска суспензија, дигитални инструменти, и многу повеќе. Секако, Quattro ознаката значи дека овој модел ќе доаѓа со одличниот Quattro погон на сите четири тркала.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.