full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi TT RS и TT RS Roadster – 2.5 литри, 5 цилиндри, 400 коњски сили!

Луксузниот бренд од Инголштад ги претстави врвните верзии на TT и TT Roadster – кои ја носат ознаката RS и нудат по 400 коњски сили!

Во сржта на новите TT RS и ТТ RS Roadster стои редизајнирана верзија на 2.5-литарскиот линиски 5-цилиндарец кој сега користи алуминиумски наместо челичен блок и покрај намалената тежина од 10 килограми, нуди дополнителни 60 коњски сили во однос на минатата верзија, за вкупно 400 коњски сили и 480 Nm вртежен момент.

Силата ќе се пренесува кон сите четири тркала преку quattro перманентен погон, како и седум-брзински DSG менувач со двојна спојка. Благодарение на оваа комбинација, Audi декларира забрзување од 3.7 секунди до 100 километри на час за купето, односно 3.9 секунди за роудстерот. За да можеме полесно да споредиме колку е ова навистина брзо – на Audi R8 V10 му требаат 3.5 секунди, а на легендарниот Lamborghini Murcielago (кој имаше на располагање 6.2-литарски V12 со 572 коњски сили) му требаа 3.8 секунди!

audi-tt-rs-roadster-rear

Во однос на стандардното Audi TT, суспензијата е пониска за 10 милиметри, а може да се добие и адаптивна суспензија со MagnaRide технологија. Стандардно ќе се нуди со 19-инчни тркала и огромни 370-милиметарски дискови за сопирање, а ќе може да се нарачаат и 20-инчни тркала и карбон-керамички дискови.

Секако, TT RS ќе го препознаете по екстремниот бодикит кој вклучува изменет преден браник со поголеми отвори за воздух, нов заден браник, странични прагови, карбонски поклопци на страничните ретровизори, задниот спојлер и LED светлата. За прв пат во сериски модел Audi нуди и Matrix OLED задни светла.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Електрични, спортски и прогресивни - Audi ги претстави новите e-Tron GT и RS e-Tron GT!

Audi TT RS Coupe

Audi TT RS Roadster

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.