full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новиот Renault Koleos

По првата фотографија која се појави минатата седмица, францускиот производител и официјално го претстави новиот Koleos!

За време на Саемот на Автомобили во Пекинг, својата премиера ја доживеа и новиот Renault Koleos. Новиот Koleos ја следи дизајнерската насока на новиот Megane и големиот Talisman. Koleos е значително поголем од Kadjar – долг е 467 милиметри, широк 1840 милиметри, оддалечен е од подлогата цели 213 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2710 милиметри. Ќе може да се нарача и со различни дизајни на тркала, најголемите од кои имаат дијаметар од 19 инчи.

Купувачите ќе можат да нарачаат и LED предни светла кои Renault ги нарекува LED Pure Vision, Bose премиум аудио систем, а поопремените модели ќе добијат и R-Link 2 мултимедијален систем.  Koleos ја дели платформата со Nissan X-Trail, па ќе се нуди со погон на сите четири тркала. Возачот ќе може да одбере меѓу 2WD, 4WD AUTO и 4WD Lock режими, а ќе се нудат и цел грст на безбедносни системи.

Продажбата ќе започне во Кина, каде Koleos ќе биде знаменосец на брендот. Постепено, Koleos ќе се нуди на дури 80 пазари ширум светот. Моделите наменети за кинескиот пазар ќе се произведуваат во Wuhan, Кина, додека моделите наменети за глобалниот пазар во Busan, Јужна Кореја.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.