ВОЗЕВМЕ: Off-road искуство со Ford Ranger! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВОЗЕВМЕ: Off-road искуство со Ford Ranger!

За време на неодамнешното дружење со Ford Ranger, имавме можност подобро да се запознаеме и со теренските способности на новиот пик-ап на Синиот Овал – погледнете како тоа изгледа кога ние возиме, но и како изгледа кога вистински професионалец е зад воланот!

Возевме off-road, но погледнете како изгледа кога зад воланот е вистински професионалец!

На првото видео возиме ние, и можете да видите дека пристапуваме многу внимателно – сепак немаме многу искуство со возење на терен. Второто видео е значително поинтересно – на него можете да видите како изгледа кога професионалец е зад воланот на Ranger Wildtrak и од него го вади максимумот! :)

Како што веќе напоменавме, Ford Ranger се нуди со погон на задните или на сите четири тркала, и може да се добие со еден од два турбодизел мотори – едниот е 3.2-литарски со пет цилиндри и нуди 200 коњски сили и 470 Nm вртежен момент, а другиот е 2.2-литарски со 130 коњски сили и четири цилиндри. Ranger има одлични агли на пристапување и заминување, како и можност за блокада на задниот диференцијал, па тоа го прави исклучително способен и надвор од асфалтот.

ford-ranger-wildtrak-offroad2

Системот самостојно ја дистрибуира силата онаму каде е најпотребна

Системот подготвено и самостојно ја дистрибуира силата онаму каде ќе забележи дека е најпотребна, па ниту поголемите нерамнини не се проблем, а можноста Ranger вози низ 80 сантиметри длабока вода му дава на теренското возење сосема нова димензија. Погледнете како изгледа Ranger во рацете на еден професионалец!

ford-ranger-wildtrak-offroad3



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.