full screen background image
Search

По 718 Boxster, претставен и Porsche 718 Cayman

Следејќи ги чекорите на 718 Boxster, и Cayman добива четири-цилиндерски турбо мотори и ново име!

Како и роудстерот, и купето добива нови мотори, но и ново име. Новите, турбо-полнети боксер мотори со четири цилиндри ги заменуваат атмосферските шест-цилиндерци. Основниот, 2-литарски мотор нуди 300 коњски сили, додека кај 718 Cayman S ќе се нуди 2.5-литарски турбо-боксер со 350 коњски сили.

porsche-cayman3

На Cayman S му требаат 4.2 секунди да постигне 100 километри на час и ќе постигне максимални 285 километри на час. На „обичниот“ 718 Cayman му се потребни 4.7 секунди „до стотка“ и може да постигне максимални 275 километри на час.

Благодарение на намалените мотори, намалени се потрошувачката и емисијата на штетни гасови, и покрај зголемената моќност. Стандардно 718 Cayman ќе се нуди со мануелен менувач, но купувачите ќе можат да нарачаат и PDK автоматски менувач со двојна спојка. Дополнително, 718 Cayman добива ревидирана суспензија, поголеми сопирачки и уште некои ситни измени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.