full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Matt LeBlanc и Ariel Nomad во трејлер за новиот Top Gear!

Првата епизода од новото издание на шоуто Top Gear е само неколку седмици подалеку од нас, a тука имаме нова видео најава за песочни лудории.

Најновиот трејлер од целосно новиот Top Gear ни дава поглед кон една од епизодите. Холивудската ѕвезда Мат ЛеБланк го запозна моќниот Ariel Nomad, теренски спортист направен од истите луѓе кои го создадоа Atom. Малку се помачи да влезе позади воланот, но откако успеа, продолжи со песочни лудории.

Во Март беше кажано дека ќе ги видиме McLaren 675 LT и Ferrari F12 Tdf во акција, а сега дознаваме дека ЛеБланк ќе го посети Мароко со Nomad. Кога ќе започне шоуто, тој, Еванс и Харис, ќе бидат придружени од Еди Џордан, Сабине Шмиц, Рори Реид и мистериозниот Стиг. Се надеваме дека до тогаш, Мат ќе ја исчисти прашината од себеси.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.