Монструозните Ford Focus RS и Mustang 5.0 GT пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Монструозните Ford Focus RS и Mustang 5.0 GT пристигнаа во Македонија!

Македонските улици денес станаа побогати за два прекрасни спортски автомобили – мускулестиот Ford Mustang 5.0 GT и уличниот тркач Ford Focus RS!

Во просториите на Ми-Да Гранд Моторс во Скопје, денес беа претставени знаменосците на Синиот Овал – еден од автомобилите беше Ford Mustang, мускулестиот Американец кој ние имавме можност минатата година подобро да го запознаеме, а веднаш до него беше и новиот хипер-хеч со 350 коњски сили и погон на сите четири тркала – одличниот Ford Focus RS!

focus-mustang-skopje

Ова беше одлична можност на исто место да се видат два претставника на Ford Performance. Американскиот Mustang носи 5-литарски атмосферски V8 кој испорачува 420 коњски сили и 530 Nm вртежен момент. Со овој мотор Mustang забрзува до 100 километри на час за само 4.8 секунди и постигнува максимални 265 километри на час. Како што веќе знаеме, Mustang може да се нарача со 2.3-литарски EcoBoost со 317 коњски сили, или пак со горе-споменатиот V8.

focus-mustang-skopje2

Во другиот агол беше претставен новиот Focus RS. Хипер-хечот, во чие развивање беше инволвиран и Ken Block се нуди со истиот 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец, но дополнително навиен на 350 коњски сили. Благодарение на паметниот погон на сите четири тркала со систем за векторирање на вртежниот момент, Focus RS нуди вистинска забава зад воланот и можност за дрифт.

На промоцијата, генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс – г-дин Дритон Заири – изјави дека Ford Mustang-от е икона во автомобилскиот свет, а дека Ford Focus RS е возило кое ги урна сите бариери кога се работи за високи перформанси. Дополнително, свое обраќање имаа и г-дин Кирил Утевски – продукт менаџер во Ми-Да Гранд Моторс – кој зборуваше за Мустанг, и г-дин Дејан Цветковски – шеф на продажба – кој зборуваше за Focus RS.

Поврзано:   Ford ја претстави третата генерација Transit Connect

Ова е душата и срцето на Ford, еден од глобално најпрепознатливите модели на компанијата, икона во светот на автомобилизмот, но и во американската култура воопшто, која до неодамна беше привилегирана да ужива во возењето на Mustang.“ – изјави Утевски за Mustang.

Ford ја произведе третата генерација технолошки иновативниот, технички совршениот и најекстеремниот hatch-back, кој може да се купи на пазарот. Focus RS е совршена комбинација на семејно возило со екстремни тркачки перформанси. Возило кое е способно да направи се што бара возачот, возило направено без ниту еден компромис“, вели Цветковски за Focus RS.

Погледнете фотографии и видео од презентацијата на двата претставници на Ford Performance!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.