full screen background image
Search

Произведени еден милион примероци од Mazda MX-5

Роудстерот Mazda MX-5 беше прогласен за Светски Автомобил на Годината при крајот на минатиот месец, а сега Јапонската компанија слави уште едно важно достигнување – производството на еден милион примероци од моделот.

Првата генерација на MX-5 беше претставена во 1989, а 27 години подоцна на 22ри Април моделот регистрира еден милион примероци, само една седмица откако ние ја тестиравме актуелната генерација. 250,000тиот MX-5 ја напушти производствената лента од фабриката во Хирошима во 1992, додека седум години подоцна компанијата го прослави производството на 500,000тото возило. Во 2000тата година, MX-5 беше регистриран во Гинисовата Книга на Светски Рекорди како најдобро продаван спортски автомобил со две седишта во историјата со целосно производство од 531,890 примероци. Гинисовиот рекорд беше надграден неколку пати и во Фебруари 2011 беше регистрирано дека продажбата достигнала 900,000 примероци.

afsgsgs

“Од првата генерација се до денешниот модел од четвртата генерација, причината поради која сме способни да продолжиме со продавање на MX-5 сите овие години е благодарение на силната поддршка од фановите низ целиот свет”, изјави репрезентативниот извршен директор на Мазда Мотор Корпорацијата – Масамичи Когаи. “Mazda беше основана во Хирошима пред 96 години, и како што се движиме кон нашата вековна година ние ќе продолжиме да им ја нудиме на купувачите радоста на возење со овој модел, кој стана симбол на нашиот бренд.”

Јубилејниот примерок ќе посетува важни настани за брендот низ целиот свет оваа година почнувајќи од 3ти Мај во Јапонија на Хирошима Цветниот Фестивал, каде автомобилот ќе учествува на Цветната Парада. Примерокот ќе го добие својот најзначаен момент на 26ти Јуни на Фестивалот на Брзината во Гудвуд, Велика Британија, од каде ќе го продолжи Европскиот дел од турнејата.

Поврзано:   Вечерно Кино: Need For Speed на вистински улици!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.